Коронарниот стрес тест е неивазивна дијагностичка метода со која кардиоваскуларниот систем се изложува на зголемен физички напор во вид на брзо одење, со различни брзини и агол на инклинација, во времетраење дефинирано од возраста. Се користи за дијагностицирање на состојбата на срцевите крвни садови (коронарна артериска болест), покачен крвен притисок, следење на третманот за коронарна болест и висок крвен притисок, како и диференцијална дијагностика на одредени аритмии и други срцеви состојби.

Бара претходна подготовка во насока на добра регулација на крвниот притисок и поседување на одредена физичка кондиција. Има одреден ризик за појава на несакани ефекти. Има и одредени ограничувања во врска со полот, кондицијата, состојбата на белите дробови, зглобовите, претходно постоечки срцеви заболувања како срцева слабост, малигни аритмии и сл.