Висок крвен притисок како ризик фактор за развој на Алцхајмерова болест

Во студија на 31.250 пациенти со просечна возраст 72 години од 14 земји следени во просек 4 години но имало и следени 15 години.

Пациентите со нелекуван висок крвен притисок развиле Алцхајмерова болест 36% почесто од оние со нормален крвен притисок и 42% почесто од оние кои го лекувале високиот крвниот притисок.

И други студии го поврзиваат високиот крвен протисол со когнитивно опаѓање и деменција.
Лекувајте го високиот крвен притисок за да го заштитите и Вашиот мозок

Ние го слушаме Вашето срце.

Аритмијата (атријална фибрилација) значително го зголемува ризикот за мозочен удар

Атријална фибрилација(АФ) која трае 5 и повеќе минути веќе носи ризик од мозочен удар. Според една студија ризикот се зголемува за 2% со секо час траење на АФ. Според друга студија ризикот е висок во период по 30 дена при траење ма АФ >=5.5 часа.

Проверувајте го Вашиот срцев ритам

Ние го слушаме Вашето срце

Информираната одлука на пациентот- важен фактор за успех за секоја дијагностичка

Секоја дијагностичка или терапевтска процедура се заснова на информирана согласност на пациентот.

Пред да потпише согласност на пациентот мора да му бида јасно предочени користа но и ризиците од процедурата и да му бидат одговорени сите прашања кои ги има доколку е можно.

Тоа е етичка но и законска обврска според Законот за заштита на правата на пациентите.

Приказ на ризиците од лево срцева катетеризација кои се слични на ризиците од коронарографија.

Имате право на вистинска и целосна информација.