Претставува неинвазивна дијагностичка методи, која користи ултразвучни бранови со кои се визуелизира жлездата за анатомска проценка на нејзините димензии, структура, присуство на јазли, проценка на јазлите како и потребата за понатамошни иследувања во прв ред пункција на видените промени.

За целосна проценка на состојбата на штитната жлезда неопходна е и нејзина функционална проценка односно одредување на нејзините хормони, тиреоидниот стимулирачки хормон и евентуални авто-антитела на нејзиното ткиво.