Претставува неинвазивна и безболна дијагностичка метода во која со помош на ултразвучни бранови се визуелизираат срцевите структури.

Овозможува дијагностика и проценка на срцеви маани (вродени и стекнати), срцева слабост, болести на залистоци, нарушена сегментна функција на лева комора во склоп на болест  на срцеви крвни садови (коронарна артериска болест).