Неинвазивна процедура со која се врши мерење и снимање на крвниот притисок во текот на 24 часа а потоа резултатите се анализираат од доктор.

Се користи за дијагностика на покачен крвен притисок особено варијабилен, како и за следење на терапевскиот ефект од лекувањето на истиот.

Ограничувања: позицијата на манжетната може да се олабави и измести. Исто така пациентот може да не ги следи во целост инструкциите за позицијата на раката при мерењата.