Неинвазивна процедура која вклучува 24 часовно мониторирање и снимање на електрокардиограм (ЕКГ) По завршувањето на снимањето снимката се анализира од лекар. Се користи за дијагноза на аритмии (особено оние кои се јавуваа повремено, во епизоди), нарушување во спроведувањето на срцевиот импулс и во дијагнозата на коронарната срцева болест.
За време на снимањето пациентот треба да ги извршува секојдневните животни активности, без зголемување или намалување на истите.
Ограничување претставува тоа што движењата на горниот дел на телото можат да произведат бројни лажни промени во ЕКГ заради мешањето на мускулните струи. Доколку аритмијата не се јави во текот на конкретното снимање можни се и лажно негативни резултати, па снимањето можеби ќе треба и да се повтори.



